Кике Сетиен беше лут на Барселона, посебно поради начинот на кој доби отказ, како што вели, дознал на ТВ дека е отпуштен, а само пред три недели покрена постапка против Барселона.
Сега овој тренер одлучи да продолжи понатаму, се споменуваше Јужна Америка, пред сè Сан Лоренцо, како и неколку тимови од Бразил, но на крај реши да отпатува во Кина.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Овој 66-годишен тренер првпат во кариерата (вклучувајќи ја и играчката кариера) ќе се најде во клуб кој не е во Шпанија.
Тој потпиша договор со Пекинг Гуан и ќе го води овој тим со намера да постигне високи цели.
Досега ги водеше Расинг Сантандер, Ехидо, Логроњез, Луго, Лас Палмас, Бетис, Барселона и Виљареал.
На многумина ќе им остане запаметен по својот негативен однос со Лионел Меси, но и по она понижување на клубот против Баерн Минхен кога во вкупниот резултат беше 8:2 во четвртфиналето од Лигата на шампионите.