Дома Фудбал Керик не може да си поверува: Шокантно е за што добивме црвен картон!

Керик не може да си поверува: Шокантно е за што добивме црвен картон!

Тренерот на Манчестер Јунајтед, Мајкл Керик, беше видно вознемирен поради судиските одлуки откако неговиот тим загуби на Олд Трафорд од Лидс со 2:1.

Керик отворено ја критикуваше „шокантната“ одлука на ВАР да го исклучи Лисандро Мартинез во второто полувреме.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


По натпреварот, Керик го насочи своето незадоволство кон два клучни моменти. Првиот беше неказнетиот удар што го прими Лени Јоро при акцијата која предходеше на првиот гол на Лидс. Остра критика упати и за одлуката за исклучување на Мартинез поради кубењето за коса на Доминик Калверт-Луин, по интервенција од ВАР собата.

„Не започнавме најдобро. Примија гол откако Јоро доби удар со лакот во тилот и тие успеаја да постигнат гол. Не ја поништија таа одлука и тоа беше клучен момент. Не го фативме ритамот, не се поврзаа работите. Имавме некои шанси, но поголемиот дел од првото полувреме не беше она што го очекувавме.“

„Меѓутоа, во второто полувреме, дечките влегоа одлично, останаа позитивни и се бореа да извлечат нешто од натпреварот и покрај уште една шокантна, навистина шокантна одлука за исклучување на Мартинез. Ова е втора недела со такви одлуки против нас, но ова е една од најлошите што сум ги видел“, додаде тој.

Црвениот картон за Мартинез, кој штотуку се врати по двомесечна пауза поради повреда, беше одлучувачки момент на натпреварот. Керик тврди дека контактот бил случајност.

„Не знам ни како да го опишам тоа. Не е повлекување, не е кубење, не е агресивно. Само го допре и добива црвен картон, a најлошото од се беше што судијата е повикан да ја провери снимката за очигледна грешка. Шокантно“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Легендарниот голгетер жестоко удри по Артета: Неговите методи се апсурдни!

Гери Линекер остро го критикуваше менаџерот на Арсенал, Микел Артета… Гери Линекер јавно г…