
Капитенот на фудбалската репрезентација на Англија, Хари Кејн, изјави дека претстојното Светско првенство му претставува најдобра шанса во кариерата за да го освои тоа натпреварување.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
„Во фудбалот никогаш не знаете што може да се случи, па на секој турнир му приоѓате како да може да ви биде последен. Знаете ме, сакам да играм уште долго, долго. Се чувствувам дека сум на врвот, никогаш не сум се чувствувал подобро, како што веќе реков“, изјави Кејн.
Англискиот напаѓач нагласи дека спојот на врвната форма и квалитетот на репрезентацијата му влеваат голема самодоверба, поради што смета дека ова е најголемата прилика во досегашната кариера, како за освојување на Мундијалот така и за освојување на Златната топка.
„Веројатно би рекол дека, со оглед на формата во која се наоѓам и сезоната каква што ја имав, ова е веројатно најдобрата шанса што некогаш ќе ја имам во кариерата да го освојам Светското првенство“, рече Кејн.
Англичаните на Мундијалот се натпреваруваат во групата Л заедно со Хрватска, Гана и Панама.