Дома Фудбал Ќе мора да носи долги ракави: Навивачите на Јувентус бесни поради тетоважата на Спалети

Ќе мора да носи долги ракави: Навивачите на Јувентус бесни поради тетоважата на Спалети

Италијанскиот стручњак и новиот тренер на Јувентус, Лучијано Спалети, се соочи со први критики и роптање од навивачите на „Старата дама“, а причината е навистина необична.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Имено, наследникот на Игор Тудор има на раката тетоважа од големиот ривал на Јувентус, Наполи.

Според туттомеркато, дел од навивачите на Јувентус му порачаа да отстрани тетоважата ако планира да го води нивниот клуб.

Да потсетиме, Спалети се одлучи за тетоважата откако во 2023 година ја освои титулата со Наполи, што беше негов прв голем трофеј во кариерата.

Инаку, Спалети потпиша договор со Јувентус до крајот на јуни следната година, со опција за автоматско продолжување ако клубот обезбеди учество во Лигата на шампионите.

Неговото деби ќе биде во сабота на гостување кај Кремонезе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Капитенот на Ирак едвај влегол во САД, седум часа го држеле на аеродром во Чикаго!

Имавме можност да видиме бројни интересни видеа и да слушнеме убави приказни за патувањето…