Дома Фудбал Лига на шампиони Кејн: Од стартот бевме агресивни, не се браневме, туку тргнавме по победа

Кејн: Од стартот бевме агресивни, не се браневме, туку тргнавме по победа

Напаѓачот на Баерн Минхен, Хари Кејн, ги сподели своите впечатоци по триумфот над Баер Леверкузен (2:0) во реванш-натпреварот од осминафиналето на Лигата на шампионите, кој се одигра синоќа.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Капитенот на англиската репрезентација нагласи дека тимот од самиот почеток имал јасна стратегија – да не се повлекува и да не ја брани стекнатата предност, туку да настапи офанзивно и да наметне високо темпо на игра.

„Одигравме одличен натпревар. Од самиот старт сакавме да бидеме агресивни, да вршиме притисок врз противникот, да создадеме шанси и, секако, да победиме. Во првото полувреме имавме неколку добри можности, а во второто знаевме дека Леверкузен ќе се обиде да го промени текот на играта, но успеавме да ги казниме нивните грешки“, изјави Кејн за официјалниот сајт на УЕФА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Сака е херојот, Арсенал по 20 години ќе игра финале во Лигата на шампионите! (Видео)

Фудбалерите на Арсенал конечно по две децении обезбедија место во финалето на Лигата на ша…