Дома Топ вести Kaква вечер во Манчестер: Јунајтед со „шестка“ ја потопи Рома! 🎥

Kaква вечер во Манчестер: Јунајтед со „шестка“ ја потопи Рома! 🎥

Денес се одиграа првите полуфинални натпревари во рамките од Лигата на Европа, дербито се играше во Манчестер каде што гостуваше Рома.

Ноќта во Манчестер кај фановите на Рома дефинитивно ги потсети оној натпревар 7:1 во минатото во Лигата на шампионите. Фернандеш го доведе Јунајтед во водство, а Рома до крајот на првото полувреме преку Пелгрини и Џеко дојде до пресврт. На пауза „волчицата“ водеше со 1:2.

Во вториот дел италијанскииот претставник целосно се распадна, а Јунајтед постигна уште пет гола. На самиот старт по три минути игра изедначи Кавани, повторно Кавани во 68. минута донесе и предност. Седум минути по голот на Кавани и Фернандеш го постигна својот втор гол за 4:2.

Не застануваше Јунајтед, па веќе во 75. минута Фернандеш сега беше асистент, погоди Погба. Конечните 6:2 ги постави Гринвуд во 86. минута. Треба да се истакне дека за Рома ова беше најубедливиот пораз сезонава во сите натпреварувања.

Во вториот натпревар Виљареал го победи Арсенал со 2:1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Од школата до професионален статус: Шкендија смета на Џеладини и Абдурамани

Лириан Џеладини потпиша на две години, а Анес Абдурамани на три и пол. Двајцата млади фудб…