Дома Тенис „Казната на Синер е како фудбалер да суспендирате во текот на летото“

„Казната на Синер е како фудбалер да суспендирате во текот на летото“

Англискиот тенисер Лијам Бруди на интересен начин ја прокоментира суспензијата на Јаник Синер.

По многу месеци драма и шпекулации, Јаник Синер конечно е суспендиран – на три месеци, во период помеѓу два гренслема и точно пред Мастерсот во Рим.

Тоа ги налути многу тенисери – реагираа и Ник Кирјос и Станислав Вавринка, кој изјави дека „повеќе не верува во чист спорт“.

„Сметам дека оваа забрана е насочена на тоа што е можно помалку да влијае на кариерата на Јаник. Суспензијата завршува ден пред Мастерсот во Рим, кој е најголемиот турнир во неговата земја и совршена подготовка за претстојниот Ролан Гарос. Разговарав со некои луѓе и тие ми рекоа дека ова е како премиерлигашки фудбалер да биде суспендиран во текот на летото…“, рече Бруди за “BBC”.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

На 18 години до 12. место во светот: Јовиќ со порака за успехот што не доаѓа лесно

Ива Јовиќ ја заокружи сезоната со емотивна објава: зад големиот пробив стојат тешки порази…