Дома Фудбал Казната на Погба истекува – го подготвуваат за трансфер кај Меси

Казната на Погба истекува – го подготвуваат за трансфер кај Меси

Пол Погба, чие 18-месечна казна за користење на допинг истекува утре (вторник), е многу блиску до потпишување договор со Интер Мајами од МЛС лигата, известува радио “Монте Карло”.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Светскиот шампион со Франција од 2018 година го прекина договорот со Јувентус минатиот октомври, а од есента минатата година живее со семејството точно во Флорида.

Погба е виден на средба со претседателот на клубот Дејвид Бекам, по што присуствуваше на натпреварот на тимот против Њујорк Сити на 23 февруари. Трансфер-пазарот во САД е отворен до 23 април.

Пол Погба нема официјален натпревар од 3 септември 2023 година, а во тој период се подготвуваше индивидуално.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Анчелоти даде објаснување: Еве зошто Нејмар доби повик за Мундијалот

Карло Анчелоти официјално го објави финалниот список на фудбалската репрезентација на Браз…