Дома Останати Карлсен исфрлен од Светското првенство: Е*ете се! (Видео)

Карлсен исфрлен од Светското првенство: Е*ете се! (Видео)

Најдобро рангираниот светски шахист Магнус Карлсен е дисквалификуван од Светското првенство во брз шах. Причина? Ни повеќе ни помалку освен – фармерки.

Карлсен на претпоследниот ден од натпреварувањето се појави облечен во фармерки и така ги одигра седмата и осмата рунда, откако од организацијата го предупреди дека ги крши правилата за облекување.

Изјави дека следниот ден ќе дојде соодветно облечен, но од организацијата бараа да го направи тоа пред деветтата рунда.

Набрзо објави дека се повлекува од Светското првенство.

„Тие можат да ги спроведуваат своите правила, немам проблем со тоа, а мојот одговор е: ‘Добро, ма е*ете се'”, рече Карлсен.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Наковски без загубен сет оди на дуел со Газели, Младост го сопре шампионот

Наковски волеј и Газели ќе се сретнат во следното коло како единствени непоразени екипи. М…