
Без оглед на тоа како Реал Мадрид стигна до четвртфиналето на Лигата на шампионите, за пенал серијата против градскиот ривал Атлетико ќе се зборува уште долго, но овој успех на кралскиот клуб му донесе на Карло Анчелоти уште едно големо признание.
Познатиот Италијанец по петнаесетти пат се пласираше во четвртфиналето на Лигата на шампионите и ја надмина Пеп Гвардиола, и сега е прв меѓу најдобрите европски и светски тренери по бројот на учества во оваа фаза на елитното натпреварување.
Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓
Гвардиола е на второ место со 14 учества, трет е легендарниот менаџер на Манчестер Јунајтед сер Алекс Фергусон (12), четврти е Жозе Мурињо (8).
Во Топ 10 се и Диего Симеоне (7), Арсен Венгер (7), Јирген Клоп (6), Рафа Бенитез (6), Луј ван Гал (6) и Томас Тухел (6).