Дома Фудбал Кариус повторно се „прослави“: Трет натпревар прави кикс! (Видео)

Кариус повторно се „прослави“: Трет натпревар прави кикс! (Видео)

Фудбалерите на Шалке синоќа претрпеа пораз на домашен терен од Хановер во 26. коло на 2. Бундеслига со резултат од 2:1, а директен виновник за поразот беше Лорис Кариус.

Кариус, голман познат по своите големи грешки, во јануари потпиша за Шалке, а во својот деби-натпревар на 28 февруари во победата од 1:0 над Минстер беше играч на натпреварот.

Битки за за титули и Лига на Шампиони во Премиер Лига, Серија А и Ла Лига ↓↓↓


Бранише добро и во победата од 2:1 на гости против Херта, па навивачите на Шалке помислија дека познатите грешки на Кариус се минато.

Но, тој веќе во третиот натпревар ги демантираше и беше директен виновник за поразот од Хановер.

Шалке водеше од 27. минута со голот на Кристофер Антви-Аџеј, а во 87. минута Јаник Рошелт израмни на 1:1, а потоа само една минута подоцна Кариус направи кикс и го подари победничкиот гол на Хановер.

Енцо Леополд нафрли од корнер, Кариус погрешно ја процени летечката топка и ја промаши, а Хавард Нилсен лесно со глава ја испрати во голот за победа на Хановер.

Се разбира, ова не е најголемата грешка во кариерата на Кариус. Тоа без сомнение останува моментот од финалето на Лигата на шампионите во 2018 година кога како голман на Ливерпул направи две несфатливи грешки и му ја подари титулата на Реал Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Роналдо не сака да седи на клупата: Португалецот „полуде“ по замената (Видео)

Португалскиот фудбалер Кристиано Роналдо се пожали на одлуката на тренерот. Тренерот на Ал…