Дома Фудбал Карегер: Победата на Ливерпул против ПСЖ е една од најголемите кражби некогаш видени во фудбалот

Карегер: Победата на Ливерпул против ПСЖ е една од најголемите кражби некогаш видени во фудбалот

ФУДБАЛЕРИТЕ на Ливерпул ја победија екипата на Париз Сен-Жермен со 1:0 во првиот меч од осмина-финалето на Лигата на шампионите. На натпреварот во Париз, домаќинот имаше 71 процент од поседот на топката и 27 удари кон голот на англискиот тим и 14 корнери, а Ливерпул стигна до победа со единствениот удар во рамките на голот, оној на Харви Елиот во 87-та минута. Англичаните имаа вкупно два удари на целиот натпревар, кој го обележа нивниот голман Алисон со девет одбрани.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Ваквиот исход на натпреварот стручно го коментираше Џејми Карегер, играч кој целата кариера (1996-2013) ја помина играјќи за Ливерпул, нарекувајќи го “една од најголемите кражби што некогаш ќе ја видите во фудбалот”. “Не можам да поверувам што видов, ПСЖ беа неверојатни и целосно го надиграа Ливерпул”, истакна коментаторот на CBS и легенда на англискиот клуб.

Изведбата на Алисон ја опиша како “можеби најдобрата во неговата кариера, а секако најдобрата во дресот на Ливерпул. Ако Ливерпул ја освои Лигата на шампионите, а имаат добри шанси за тоа, неговата изведба ќе се памети со години”.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Манчестер Јунајтед купува две замени за Касемиро и ќе плати над 116 милиони фунти

Манчестер Јунајтед е на чекор до потпишување на своето прво засилување во летото. Само еде…