Дома Фудбал Карагер знае кој услов Слот мора да го исполни за да остане тренер на Ливерпул

Карагер знае кој услов Слот мора да го исполни за да остане тренер на Ливерпул

Судбината на Арне Слот стана една од најчестите теми во англиските медиуми речиси цела сезона. Често фокусирана само на резултатите, ретко кога извори се околностите што довеле до нив. Понекогаш оправдана дискусија, сепак присутна и кога нема вистинска причина за неа.

Џејми Карагер, еден од оние кој често ги анализира овие случувања, изјави дека слушнал дека Слот ќе остане тренер на Ливерпул, ако клубот успешно обезбеди учество во Лигата на шампионите за следната сезона.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


И ова не е првпат што ваква информација се појавува, вакви предпоставки имаше и пред неколку месеци.

Но, откако Ливерпул го совлада Евертон на гости, прашањето за иднината на Слот повторно се актуализираше.

„Целата сезона се размислуваме за иднината на Арне Слот како главен тренер на Ливерпул. Често зборувавме за оваа тема и во нашата емисија (Monday Night Football на Sky Sports, забел.авт.). Меѓу навивачите постои поделба мислења дали треба да замине или да остане.

Но, гласините што ги слушам велат дека Слот ќе остане и следната година, доколку успее да обезбеди место во Лигата на шампионите, а гледано од денешен аспект, тоа е многу веројатно“, изјави Карагер.

Ливерпул на последното место од Премиер лигата кое обезбедува пласман во Лигата на шампионите има седум бода предност во однос на Челси и Брентфорд.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Направи трансфер од 50 милиони евра, но денеска е заборавен – надвор од теренот заработува милиони!

Англискиот фудбалер Калвин Филипс (30) во последните четири години одигра само 46 натпрева…