Дома Фудбал Карагер за победата на Ливерпул: Не можам да поверувам, еден од најголемите грабежи!

Карагер за победата на Ливерпул: Не можам да поверувам, еден од најголемите грабежи!

Стручниот коментатор и играч кој ја помина целата кариера во играње за Ливерпул, Џејми Карегер, ја нарече синоќешната победа на неговите Црвени во Париз против ПСЖ (1:0) една од најголемите кражби досега.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


“Не можам да поверувам што видов, ПСЖ беше чудасен и во потполност го надмина Ливерпул”, истакна коментаторот на CBS.

Легендата на англискиот клуб се осврна и на настапот на голманот Алисон, кој го обележа натпреварот со девет одбрани.

“Можеби и најдобриот настап во неговата кариера, а дефинитивно најдобар во дресот на Ливерпул. Ако Ливерпул ја освои Лигата на шампионите, за што има добри шанси, неговиот настап ќе се памети со години”, додаде Карегер.

Да потсетиме, Ливерпул го победи ПСЖ со резултат 1:0 во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите, и тоа во пресметка каде домаќинот имаше 71 процент посед на топката и 27 удари кон голот на англискиот состав заедно со 14 корнери.

Ливерпул имаше вкупно два удари на целиот натпревар, а до победата стигна со единствениот удар во рамките на голот, од страна на Харви Елиот во 87-та минута.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона и Кристенсен се договорија за условите

Барселона и Андреас Кристенсен постигнаа договор за нов договор на дефанзивецот. Преговори…