Дома Трансфер зона Капитенот на Севиља прави трансфер во Англија?

Капитенот на Севиља прави трансфер во Англија?

Шпанска „Марка“ пишува дека „Лисиците“ испратиле понуда до шпанскиот гигант и таа најверојатно ќе биде прифатена.

Како што стојат работите, Севиља ќе се откаже од услугите на својот капитен, Висенте Ибора, за 14 милиони евра.

Со оглед на тоа дека Ибора има 29 години и враќањето на Евер Банега овој трансфер изгледа сосема нормално.

Ибора во претходните четири сезони одигра 170 официјални натпревари за клубот од Андалузија и постигна 30 погодоци, пто е импресивна бројка за играч кој игра на позицијата последен играч за врска.

Во Лестер се надеваат дека со неговото доведување конечно би ја затвориле дупката во средината која настана после заминувањето на Канте во Челзи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Челси повторно гледа кон Брајтон: Ајари е новата трансферна цел

Јасин Ајари се поврзува со преселба во Челси, додека преговорите за нов договор со Брајтон…