Дома Фудбал Капитенот на Манчестер Сити побара да замине од клубот

Капитенот на Манчестер Сити побара да замине од клубот

Една од главните теми по убедливата победа на Манчестер Сити над Салфорд во третото коло на ФА купот беше Кајл Вокер. Граѓаните славеа со 8:0, а нивниот капитен не беше во тимот.

„Во своите мисли, тој е подготвен да истражи можности за заминување во некоја друга земја, за последните години да ги одигра на друго место. Постојат повеќе причини за тоа. Пред два дена ни кажа дека сакал кариерата да ја заврши на друго место“, потврди Гвардиола како Вокер го известил клубот дека сака да замине.

Вокер со Сити освои 17 трофеи – од нив шест титули во Премиер лигата и Лигата на шампионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тивкиот борец на Форест го покажа вистинското лице против Сити

Ксавер Шлагер не е најатрактивното име во средниот ред, но победата од 3-1 над Манчестер с…