Дома Топ вести Кансело преживеал хорор: Ограбен и претепан во својот дом 📷

Кансело преживеал хорор: Ограбен и претепан во својот дом 📷

Португалскиот фудбалер Жоао Кансело е претепан и ограбен во својот дом во Манчестер.

Играчот на Манчестер Сити објави фотографија на социјалните мрежи на која се гледаат расекотини на лицето.

„Денес бев нападнат од четворица кукавици, кои ме повредија и кои се обидоа да го повредат моето семејство. Ова се случува кога ќе им се спротивставите. Ми го зедоа накитот и ме оставија во ваква состојба. Не знам какви луѓе се тие. Најважно е што сме во ред, јас и моето семејство. По толку пречки во животот, ова е уште една која ќе ја пребродиме“, напиша Кансело.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Од школата до професионален статус: Шкендија смета на Џеладини и Абдурамани

Лириан Џеладини потпиша на две години, а Анес Абдурамани на три и пол. Двајцата млади фудб…