
Играчот на Реал Мадрид, Едуардо Камавинга, даде до знаење дека не сака и под Чаби Алонсо да игра како лев бек. Карло Анчелоти го користеше на оваа позиција кога беше потребно, но Французинот не беше среќен таму.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
“Најважно е да му помагам на тимот, но има моменти кога треба да знаеш како да правиш различни работи. Мора да можеш да му помагаш на тимот максимално, и ако понекогаш е потребно да играш на други позиции, тоа е нормално. Но на долги патеки – не. Тимот секогаш е најважен. Ќе ми го поставите прашањето за левиот бек? Не, лев бек – не. Во центарот на теренот – да”, објасни Камавинга.
Против Хетафе, за време на викендот, левичарот беше стартер во двојка заедно со Орелиан Чуамени во схема 4-2-3-1, а пред нив делуваше Џуд Белингам.