Дома Кошарка Како да прокоцкате предност од 21 поен за помалку од седум минути? (Видео)

Како да прокоцкате предност од 21 поен за помалку од седум минути? (Видео)

Кошаркарите на Милвоки го победија Минесота со резултат од 110:103 минатата ноќ во натпревар од НБА лигата.

Бакс го постигнаа својот петти последователен триумф и тоа по голем пресврт. Милвоки губеше со 71:95 на 10 минути до крајот на натпреварот, но тогаш направи серија од 34:3 и стигна до победата.

Веќе на 3:35 пред крајот резултатот беше 97:97 по тројка на Еј-Џеј Грин.

Крилниот центар на Милвоки Јанис Адетокумбо забележа трипл-дабл со 23 поени, 13 скокови и 10 асистенции. Кевин Портер беше негов прв придружник со 21 поен, пет асистенции и четири скока, во отсуство на Демијен Лилард.

Фото: Milwaukee Bucks/FB

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Николов и Фримен го урнаа шампионот, Бадел со полн плен од Крива Паланка

Бадел 1862 славеше со 88:80 во второто коло и го остави бранителот на титулата без победа.…