Дома Фудбал Останато Како да е бокс меч: Ова е тепачката на годината во НХЛ (Видео)

Како да е бокс меч: Ова е тепачката на годината во НХЛ (Видео)

Физичките пресметки со тупаници се составен дел од хокеарските натпревари во најквалитетната светска лига уште од нејзиното основање. Често на лизгалиштата низ НХЛ сме сведоци на тепачки, а една многу интензивна можевме да ја следиме на самиот почеток на дуелот помеѓу Торонто Мејпл Лифс – Колумбус Блу Џекетс.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Рајан Ривс и Матије Оливие приредија вистинска „тешкашка пресметка“ во конфликтот што многу американски медиуми го нарекоа „тепачка на сезоната“ во НХЛ.

Голем број удари зададоа двајцата хокеари, додека играчите на клупата и на мразот дисциплинирано навиваа, а судиите внимателно следеа за да не дозволат никој да ги наруши и тепачката да не отиде предалеку.

И Ривс и Оливие се познати како „чувари“, НХЛ играчи задолжени пред се за спроведување правда со тупаници. Иако оваа пракса во НХЛ е помалку застапена отколку пред три или четири децении, сепак често гледаме вакви сцени во светскиот познат шампионат.

Што се однесува до натпреварот, Блу Џекетс убедливо победија на гостинскиот терен со резултат 5:1 и сега се со 53 бодови четврти на табелата во дивизијата Метрополитен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Македонија доби нова модерна сала, свечено отворен „Расадник“! (Фото)

Министерот за спорт, Борко Ристовски заедно со претседателот на Владата, Христијан Мицкоск…