
Челси официјално објави дека Мојсес Каиседо потпишал нов долгорочен договор со клубот. Договорот е до 2033 година, а фудбалерот добива и значително зголемување на платата. Претходниот договор му истекуваше во 2031 година.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Челси го донесе Каиседо во август 2023 година, кога плати на Брајтон 115 милиони фунти за него. До овој момент, Еквадорецот одигра 140 натпревари за лондончаните и постигна осум гола. Пред еден месец клубот го продолжи договорот и на капитенот Рис Џејмс, кој потпиша до 2032 година.
„Толку сум среќен што го продолжив договорот со Челси. Верувам во овој тим, во овој клуб и знам дека одиме во вистинската насока. Само што започнавме заедно. Сè уште има многу да се постигне, и многу сум гладен да продолжам да се усовршувам секој ден. Сакам да освојам уште трофеи со Челси и да го дадам најдоброто од себе за овој клуб и за навивачите. Веќе уживавме во одлични моменти заедно, а мојот сон е да станам легенда на Челси и ќе работам колку што е можно потешко за да го постигнам тоа.“