Дома Останати Кошарка Кајри Ирвинг опериран – го очекува долга пауза!

Кајри Ирвинг опериран – го очекува долга пауза!

Kошаркарот на Далас Кајри Ирвинг беше подложен на успешна операција на лигаментите на левото колено.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Ирвинг беше опериран во среда од доктор Рајли Вилијамс, шеф на спортска медицина во Болницата за специјални операции во Њујорк, пренесе синоќа познатиот инсајдер, новинарот на „ЕСПН“, Шамс Чаранија.

Плејмејкерот на Далас ги скина предните вкрстени лигаменти на левото колено, без оштетување на било кој друг лигамент или менискус. Повредата ја здоби на 3 март, за време на првата четвртина на натпреварот против Сакраменто.

Оваа сезона, Ирвинг во просек постигнуваше 24,7 поени, 4,8 скокови и 4,6 асистенции.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Легенда жестоко удри по Дончиќ: Те плаќаат 50 милиони долари, издржи и играј!

Ситуацијата кај Лос Анџелес Лејкерси е на раб на паника откако во првата средба од полуфин…