На Антонио Конте ретко кој му дава шанси дека и наредната сезона ќе биде на кормилото на „сините“, а според каталонски „Спорт“ неговата замена е веќе позната.
Челзи кој минатата година стигна до титулата во Премиер лигата многу веројатно дека ќе остане без Конте. Засега човекот кој најмногу се поврзува со Челзи е поранешниот менаџер на Барселона, Луис Енрике.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Според „Спорт“ Енрике е на чекор од тоа да биде промовиран како нов тренер на Челзи и наводно преговорите веќе се во завршна фаза и наскоро се би требало да биде потврдено.
Се навеедува дека понудата до Енрике е веќе испратена и се чека само искусниот стратег да каже „ДА“.
Енрике во својата тренерска кариера ги предводеше Рома, Селта и Барселона.