Дома Македонски спорт Мак баскет Kaдетите прикажаа одлично издание, но сепак беа поразени од Хрватска

Kaдетите прикажаа одлично издание, но сепак беа поразени од Хрватска

Одлично издание на македонските кадети на вториот контролен натпревар во Дарувар, без разлика што загубивме. (85:91)

За разлика од првиот, каде противникот брзо „натрупа“ висока позитива, и славеше убедливо, во „реваншот“, избраниците на селекторот Андреј Апостолски Лечиќ делуваа мошне посигурно, и пред сè, поефикасно во нападот.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Иако Хрватите го добија првото полувреме со резултат (40:36), нашите млади кошаркари не се предвааа, напротив.

Во третата четвртина дури и го превземавме водството. По три четвртини Македонија водеше со (62:60).

Истата предност ја имавме и во 33.минута од мечот, (68:66). Со серија од пет поени, Хрватска се одвои на (76:71), кога останаа да се доиграат 4:29 минути.

Лукановски ја прекина со тројка за (74:76). Но со нова серија, сега од (8-2), во дев и пол минути, домашната селекција се одвои на недостижни (84:76).

Со нова тројка, на Шошкиќ, се доближивме и на (79:84). Но не го одбранивме следниот напад

Напшата прва петорка имаше двоен број на поени, што е добар знак за стручниот пштаб во продолжение од подготовките за настапа Челенџерот во Скопје.

Со 24.поени ја предводеше Шошкиќ, 17 имаше Зетов, Стојковиќ даде 15, Лукановски 14 (и 11 скока), а Стојанов – 12.   

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак баскет

Проверете

Донесена одлука за натпреварот Чаир – МЗТ: Натпреварот ќе се доигра – казни и за двете екипи!

Koшаркарската федерација денеска донесе одлука за прекинатиот натпревар помеѓу Чаир и МЗТ …