Meнаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, смета дека против ваков Манчестер Јунајтед ниту Барселона од најдобрите денови не би можела ништо.
Ливерпул секогаш игра за гол повеќе, но кога на гости ќе му дојде Манчестер Јунајтед со Жозе Мурињо, тука имаме веќе друга приказна. Натпреварот заврши 0:0, а Ливерпул беше подобриот тим.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Невозможно е да очекувата да создадете 20 шанси во натпревар против Јунајтед. Дури ниту Барса во своите најдобри денови не би била во состојба да одговори на ваква одбрана. Ќе видите. Манчестер нема да изгуби многу натпревари оваа сезона. Можеби се мисли дека мораме да биде по активни во нападот, но потребно е многу време да се објасни фудбалот. Сезоната е на самиот почеток, пред нас се уште многу натпревари“, истакна Германецот.
После осум кола Ливерпул е на осмата позиција со 13 освоени бодови.