Дома Фудбал Јувентус спрема понуда за Милинковиќ-Савиќ

Јувентус спрема понуда за Милинковиќ-Савиќ

Милинковиќ-Савиќ пред две и пол години беше еден од најбараните играчи за врска во Европа, но тој реши кариерата да ја продолжи во Саудиска Арабија.

Милинковиќ-Савиќ, сепак, по две сезони поминати во С. Арабија сака да се врати во Европа и да заигра во Серија А каде што претходно го носеше дресот на Лацио.

Италијанските медиуми пишуваат дека српскиот интернационалец во јануари може да се врати во Италија и да потпише за Јувентус.

„Старата дама“ сака да го засили средниот ред и СМС е приоритет, а играчот е спремен да прифати помала плата од актуелната само да се врати во Европа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Можно е големо предавство: Пет години играше за Реал, а сега го сака Барса!

Пет години го носеше дресот на „кралскиот клуб“, а сега е можност да се пресели во Барсело…