Дома Фудбал Јувентус официјално го потврди трансферот на Консеисао

Јувентус официјално го потврди трансферот на Консеисао

Јувентус официјално го потврди трајниот трансфер на португалскиот репрезентативец Франсиско Консеисао.

22-годишното крило беше купено од Порто за сума од околу 32 милиони евра. Во изминатата сезона, фудбалерот беше дел од Јувентус на позајмица.

По успешната сезона, вклучувајќи го и Светскиот клупски шампионат во САД, „бјанконерите“ решија да го потпишат постојано, претходно плаќајќи 10 милиони евра на Порто за позајмицата на играчот.

Франсиско Консеисао одигра 40 натпревари, постигна 7 голови и забележа 6 асистенции за „Старата дама“ во сезоната 2024/25. Играчот направи значаен гест за да се оствари неговото постојано преминување во Јувентус, откажувајќи се од 20% од трансферот што му следуваа – вкупно околу 6.4 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Сити има седум од седум, но Вила знае како да го запре лидерот

Манчестер сити гостува кај Астон вила со максимален учинок во Премиер лигата, но тимот на …