Дома Фудбал Јувентус го решава еден од најважните потписи за тимот

Јувентус го решава еден од најважните потписи за тимот

Јувентус, под водство на Игор Тудор, подготвува нов договор за 20-годишниот турски офанзивец Кенан Јилдиз, објавуваат италијанските медиуми.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Јилдиз брилираше на дербито против Интер (4:3) каде што постигна гол и асистенција, а по три кола од Серија А има еден гол и три асистенции. Наполи и Јувентус водат со максимални девет бода.

Турскиот репрезентативец, кој ја заврши академијата на Баерн Минхен, пристигна во Јуве во 2022 година, а од минатата сезона неговата минутажа во првиот тим значително се зголеми. Минатата сезона ја заврши со 12 гола и 9 асистенции.

Иако Челси понуди 70 милиони евра летово, Јувентус ја одби таа понуда, а сега подготвува нов договор до 2030 година со зголемена плата – 5 милиони евра нето по сезона.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Симеоне не сака Хулиан Алварес да остане по секоја цена

Главниот тренер на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, ја разбира позицијата на клубското рако…