Дома Фудбал Јувентус бара спортски директор, едно име се истакнува

Јувентус бара спортски директор, едно име се истакнува

По завршувањето на трансферниот период, кој беше многу добар за Јувентус, во Торино работат на доведување нов спортски директор.

Генералниот директор Демијен Комоли е задолжен за тоа, а тој заедно со техничкиот директор Франко Модесто го остварија „летниот пазар“.

Како главен кандидат фигурира спортскиот директор на Џенова Марко Отолини.

Тој веќе работеше во Јувентус до 2018 година, а од тогаш во Џенова направи неколку одлични трансфери. Пред сѐ, тоа се однесува на играчи како Драгушин, Де Винтер, Гудмундсон и голманот Мартинез.

Меѓу кандидатите се уште Руи Браз, Диего Лопез, поранешниот спортски директор на Ланс и Бордо, Хавијер Рибалта кој сега е во АЕК и Матео Тогноци кој работеше во Гранада.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Официјално: Џејми Варди има нов клуб

Џејми Варди стана нов член на Барнли. Англискиот второлигаш ја соопшти веста дека 39-годиш…