Дома Фудбал Јунајтед попушти: Рашфорд ќе биде ново засилување на Барселона (Фото)

Јунајтед попушти: Рашфорд ќе биде ново засилување на Барселона (Фото)

Англискиот репрезентативец Маркус Рашфорд се наоѓа на чекор од сензационален трансфер во Барселона, откако двете страни постигнаа согласност за негов ангажман. Очекувањата се напаѓачот на Манчестер Јунајтед веќе следната недела официјално да биде претставен како ново засилување на каталонскиот клуб.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Според извори блиски до преговорите, Барселона и Манчестер Јунајтед се договориле за едногодишна позајмица на 26-годишниот напаѓач, со вклучена опција за траен трансфер по завршувањето на сезоната. Каталонците ќе платат 10 милиони евра за привремената зделка, а Јунајтед ќе биде ослободен од обврската да ја исплати платата на Рашфорд во висина од 15 милиони евра за наредната сезона.

Доколку Рашфорд ги оправда очекувањата, Барса ќе има можност по завршувањето на сезоната да го откупи неговиот договор за сума од околу 50 милиони евра.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Познат првиот противник на Вардар во квалификациите за ЛШ

Вардар го доби својот прв противник во квалификациите за Лигата на шампионите. На денешнат…