Новинарот на „ЕСПН“, Адријан Војнаровски објави дека Никола Јокиќ е прогласен за МВП во регуларниот дел од сезоната 2021/2022 во НБА лигата.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Според неговите најави официјалната потврда ќе биде соопштена наредната недела. Србинот добил најмногу гласови во однос на останатите кандидати како Жоел Ембид, Јанис Антетокумпо и Стеф Кари кои беа во потесната конкуренција.




За Јокиќ ова признание би било второ по ред затоа што до него стигна и минатата година. Сезонава Денвер стигна до плеј-офот каде што Јокиќ мораше сам да го води тимот без повредениот Џамал Мареј. Нагетси беа елиминирани во првата рунда од плеј-офот од Голден Стејт.