Дома Фудбал Јовиќ повторно ги прекрши правилата, следува казна од Ла Лига

Јовиќ повторно ги прекрши правилата, следува казна од Ла Лига

Откако повторно ги прекрши правилата за изолација, напаѓачот на Реал Мадрид, Лука Јовиќ се наоѓа во големи проблеми.

Имено, тој на Инстаграм објави фотографија како се забавува со пријателите, а со тоа ги прекршил сите поставени протоколи.

Ова не е прв пат да ги прекрши правилата, па јасно е дека му се подготвува казна од неговиот клуб.

Сепак, тоа можеби нема да биде се, бидејќи како што пренесуваат шпанските медиуми, казна подготвува и Ла Лига, но се уште не е познато во која форма.

Јовиќ со своето однесување го загрози продолжението на првенството во Шпанија, бидејќи Ла Лига од Владата доби јасна порака дека еден од главните услови за продолжување на првенството е почитување на протоколите за дистанцирање.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Од школата до професионален статус: Шкендија смета на Џеладини и Абдурамани

Лириан Џеладини потпиша на две години, а Анес Абдурамани на три и пол. Двајцата млади фудб…