Дома Останати Кошарка Јокиќ остана без наградата – заврши на второ место зад Брансон

Јокиќ остана без наградата – заврши на второ место зад Брансон

Никола Јокиќ, центарот на Денвер Нагетс, не е добитник на трофејот „Џери Вест“, кој се доделува последниве три години.

Ова признание всушност е награда под називот „NBA Clutch Player of the Year“ и се доделува играч кој бил најдобар во неизвесни завршници.

Наградата оваа година беше доделена на Џејлен Брансон, првата ѕвезда на Њујорк Никс, кој беше пред Јокиќ во гласањето. На третата позиција се најде Ентони Едвардс.

Брансон оваа сезона во дресот на Њујорк има просек од 26,5 поени, 2,8 скокови и 7,3 асистенции, и никој не беше подобар и поефикасен од него во неизвесни завршници.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Стеф Кари испиша нова историја во НБА лигата: Со новиот договор урна неверојатен рекорд

Стеф Кари потпиша нов двегодишен договор со Голден Стејт Вориорс вреден 116 милиони долари…