
Српскиот кошаркар Никола Јокиќ приреди уште една неверојатна ноќ на кошаркарските терени во НБА, а синоќа беше одличен против Портланд Треил Блејзерс во дуел кој заврши со резултат 146:117.
Зад нас е ноќта што сите ја чекаа. Лука Дончиќ конечно дебитираше за Лос Анџелес Лејкерс и така започна новата ера на НБА лигата.
Квалификации за ЕП во ракомет: Македонија спремна, Словенија може да падне! ↓↓↓
Сепак, неговиот настап речиси помина во сенка на неверојатната партија на Никола Јокиќ. Српскиот кошаркар постигна 40 поени со осум асистенции и седум скока во дуелот на неговиот Денвер Нагетс против Портланд Треил Блејзерс.
За овој впечатлив подвиг му беа потребни само половина час игра, додека остатокот го помина на клупата, па така учинокот би бил уште позначаен, ако имаше некаква неизвесност во резултатот.
NIKOLA JOKIЌ YOU CANNOT BE SERIOUS 🤯🤯
— NBA (@NBA) February 11, 2025
HITS THE TRIPLE FROM THE DEEP CORNER FADING OUT OF BOUNDS 🎯🎯 pic.twitter.com/fSKyJIE35h
Особено се истакна со неговата „невозможна“ тројка од аголот. Се играше крајот на првата четвртина кога се чинеше дека Јокиќ нема никакво решение. Беше „затворен“ во аголот, но по којзнае кој пат покажа каков магионичар е, погодувајќи од речиси невозможна ситуација.