Дома Останати Кошарка НБА Joкиќ со фантастичен трипл-дабл го предводеше Денвер до победа (ВИДЕО)

Joкиќ со фантастичен трипл-дабл го предводеше Денвер до победа (ВИДЕО)

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ, одигра супер натпревар за Деневер и му донесе на својот тим победа против Јута од 98:95. До победата Наџентси стигнаа во последната минута од натпреварот.

Јута во поголемиот дел го контролираше натпреварот, но Денвер го стигнуваше заостанувањето и поведуваше со маа разлика, ниту еднаш не повеќе од четири поени. Во четвртата четвртина изгледаше дека Јута го контролира натпреварот, меѓутоа Денвер започна да се доближува, а на една минута до крајот дојде до предност од 96:95.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Хрватот Бојан Богдановиќ во следниот напад промаши тројка, се обиде и после погодените слободни фрлања со кои Гери Херис ја потврди победата, но промаши и со звукот на сирената, па продолженија немаше.

Неверојатен натпревар одигра Никола Јокиќ кој оствари трипл-дабл со 30 поени, 10 асистенции и дури 21 скок. За српскиот центар ова беше 11. трипл-дабл во сезоната. Поентерски најефикасен кај Денвер беше Џамал Мареј со 31 поен. Кај Јута Мајкл Конли уфрли 21 поени, го следеше Донован Мичел со 18.

Далас кој се уште е без Лука Дончиќ кој отсуствува поради повреда изгуби на домашен терен од Мемфис со 107:121.

НБА резултати:

Детроит – Феникс 116:108

Бостон – Орландо 1116:100

Бруклин – Голден Стејт 129:88

Торонто – Индијана 119:118

Минесота – Атланта 120:127

Оклахома – Кливленд 109:103

Далас – Мемфис 107:121

Јута – Денвер 95:98

Клиерси – Мајами 128:111

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Судиска анализа: Струга оштетена за пенал во Ѓорче

Во викендот кој е зад нас се играа натпревари од 28. коло во Првата македонска фудбалска л…