Дома Останати Кошарка НБА Joкиќ беше фантастичен, но пресметката ја доби Дончиќ, Чикаго подобри од Лејкерси 🎥

Joкиќ беше фантастичен, но пресметката ја доби Дончиќ, Чикаго подобри од Лејкерси 🎥

Далас Маверикс пред своите навивачи го победија Денвер со 111:101.

Далас и Денвер одиграа одличен натпревар во кој љубителите на НБА лигата можеа да уживаат, а на крајот домаќините дојдоа до победа со одличната игра во последната четвртина. Ова беше нов дуел на Лука Дончиќ и Никола Јокиќ кои уште еднаш покажаа дека се работи за одлични кошаркари.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Јокиќ беше далеку најдобар на паркетот со 35 поени, 16 скокови и шест асистенции, меѓутоа тоа не помогна за Денвер да дојде до победата. Од друга страна Дончиќ уфрли 23 поени, додаде 11 асистенции и додаде шест скока.

ЛА Лејкерси запишаа пораз од Чикаго на свој терен. Дерозан беше најефикасниот на паркетот и со 38 поени, 6 асистенции и 3 скока го водеше својот тим до победа. Во редовите на Лејкерси најдобри беа Хортон Такер со 28 поени, 6 скока и 2 асистенции, го следеше Вестбрук со 25 поени, 6 скока и 8 асистенции.

НБА РЕЗУЛТАТИ: Кливленд – Бостон 92:98, Детроит – Сакраменто 107:129, Вашингтон – Њу Орлеанс 105:100, Атланта – Орландо 129:111, Њујорк – Индијана 92:84, Далас – Денвер 111:101, Мемфис – Хјустон 136:102, Минесота – Феникс 96:99, Оклахома – Мајами 90:103, Портланд – Торонто 118:113, Лејкерси – Чикаго 103:121.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Готово: Покетино повеќе не е тренер на Челзи

Маурисио Покетино повеќе не е менаџер на Челзи, пренесе доброинформираниот новинар Фабрици…