Дома Моторспорт Jeзива несреќа во Унгарија: Возач падна, друг го прегази (Видео)

Jeзива несреќа во Унгарија: Возач падна, друг го прегази (Видео)

Шпанецот Максимо Килес го освои натпреварувањето во рамките на Светското првенство во класата Мото3, за Големата награда на Унгарија, кое се одржа на патеката Балатон Парк. Трката беше прекината пред крајот поради сериозен инцидент, но Килес сепак дојде до победа пред Давид Алманса и Алваро Карпе. Ова е втора последователна победа за возачот на „Аспар“ во Унгарија.

Прекинот се случи во последниот круг кога петмина возачи се бореа за третото место. Во таа густа борба, Давид Муноз неочекувано изгуби контрола и падна на правецот, без каков било контакт со другите возачи. Потоа, на неговиот мотор удри Бријан Уриарте, додека Валентин Пероне, кој немаше време да реагира, мина преку самиот Муноз.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

Норис призна грешка по хаосот во Сингапур: Прво е Мекларен, па јас

Ландо Норис јавно призна дека го изневерил тимот по судирот со Оскар Пјастри во спринтот в…