
Се приближува неделата, денот кога ќе се тресе фудбалската планета поради шпанскиот Ел Класико. Во деновите на загревање, се огласи Ламин Јамал, првата ѕвезда на Барселона, насочувајќи провокација кон нивниот најголем ривал Реал Мадрид.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Јамал ја сподели својата мисла со стримерот Ибај Лјанос во пресрет на претстојниот судир на мадридскиот Сантијаго Бернабеу, потсетувајќи дека во последниот натпревар на Бернабеу беше стрелец во убедливата победа од 4:0. Но, не се задржа само на тоа, го обвини кралскиот клуб дека крадат.
Тие само се жалат и крадат, истакна Јамал.
Изјавата од најдобриот млад фудбалер на светот, односно вториот вкупно по освоената Златна топка, доаѓа во моменти кога се крена голема врева околу мечот Реал против Хетафе. Кралевите славеа дури на крајот, но откако беше доделен контроверзен црвен картон на Алан Ниом.
Ел Класико го очекува Реал со предност од два бодови над Барселона по девет одиграни кола.