Дома Фудбал Италија Jувентус вчера ја потврди апсолутната доминација на „Чизмата“

Jувентус вчера ја потврди апсолутната доминација на „Чизмата“

Доминацијата на Јувентус резултираше со избивање на првата позиција во сите натпреварувања во Италија.

По бројот на титулите во Серија А, од поодамна Јувентус лидер, но со доминацијата која трае веќе осум години изби на првата позиција и во другите натпреварувања.
Вчера „старата дама“ стигна до осмата титула во Суперкупот, со што го помина Милан кој има седум.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Слична е ситуацијата и во Купот на Италија каде што Јувентус чекаше на трофеј 20 години, потоа го освои четири пати во низа и од изедначена ситуација со Рома, сега има четири повеќе.

Со ова Јувентус ја потврди апсолутната доминација на „Чизмата“, но како голем проблем и „болна точка“ на навивачите останува ЛИгатан а шампионите. Во ова натпреварување од италијанските клубови Милан има 7, Интер 3, а Јувентус само 2.

Уште поголема „болка“ на „старата дама“ и нанесува фактот што тие се клубот со најмногу изгубени финалиња во најелитното европско натпреварување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Новинарот ќе добие тужба: Рудигер ја објасни фотографијата која предизвика бурни реакции

Фудбалерот на Реал Мадрид и германската репрезентација Антонио Рудигер се најде во неприја…