Доминацијата на Јувентус резултираше со избивање на првата позиција во сите натпреварувања во Италија.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
По бројот на титулите во Серија А, од поодамна Јувентус лидер, но со доминацијата која трае веќе осум години изби на првата позиција и во другите натпреварувања.
Вчера „старата дама“ стигна до осмата титула во Суперкупот, со што го помина Милан кој има седум.
Слична е ситуацијата и во Купот на Италија каде што Јувентус чекаше на трофеј 20 години, потоа го освои четири пати во низа и од изедначена ситуација со Рома, сега има четири повеќе.
Со ова Јувентус ја потврди апсолутната доминација на „Чизмата“, но како голем проблем и „болна точка“ на навивачите останува ЛИгатан а шампионите. Во ова натпреварување од италијанските клубови Милан има 7, Интер 3, а Јувентус само 2.
Уште поголема „болка“ на „старата дама“ и нанесува фактот што тие се клубот со најмногу изгубени финалиња во најелитното европско натпреварување.