
Претседателот на УЕФА Александер Чеферин е многу активен на семинарите низ Европа, со цел промоција и подобрување на фудбалот на Стариот континент.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Словенецот моментално се наоѓа на Фудбалскиот самит во Португалија каде што се разговара за различни теми поврзани со фудбалот.
Сепак, по пристигнувањето, Чеферин даде изјава која брзо се рашири низ Европа.
На прашањето на португалските новинари кој според Чеферин е најдобриот фудбалер во светот во моментов, Словенецот не размислуваше долго.
„Нуно Мендеш е моментално најдобриот фудбалер во светот”, изјави Чеферин како из пушка и многу ги остави во чудо и потоа продолжи:
„Тој е фантастичен, но неговата позиција не е толку ценета и тоа го малку задржува. Она што го прави Португалецот е навистина импресивно”.