Дома Фудбал Изненадување; Алегри конечно во Премиер лига и тоа на место каде никој не очекуваше?!

Изненадување; Алегри конечно во Премиер лига и тоа на место каде никој не очекуваше?!

Масимилијано Алегри се поврзуваше и во минатото со клубови од Премиер лигата, а сега би можел да седне на клупата на Вест Хем!

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Како што пренесуваат англиските медиуми, раководството на Вест Хем го контактирало Италијанецот и одржале средба на која преговарале за потенцијалното преземање на менаџерската позиција.

Хулен Лопетеги е под голем притисок, Вест Хем има само четири победи во досегашните 14 кола од Премиер лигата и се наоѓа на 14. место на табелата.

Во случај на неуспех против Вулверхемптон и Борнмут за викендот, Шпанецот би можел да добие отказ пред Божиќ.

Алегри е слободен откако летово остана без работа во Јувентус, имаше понуди од Саудиска Арабија, се спомнуваше и Рома, дури и Милан, но на крајот не се договори со ниту еден клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Деко не се шегува, Барселона може да добие „ѕвер“ од 70 милиони евра!

Барселона е решена да го заврши еден од најголемите трансфери ова лето, а во центарот на в…