
Килијан Ембапе беше прогласен за најдобар играч на Реал Мадрид од страна на навивачите.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Со постигнати 43 голови во 56 натпревари, тој беше меѓу најистакнатите фудбалери во освојувањето на Интерконтиненталниот куп и Суперкупот на Европа. Сезоната ја заврши како најдобар стрелец во лигата со 31 гол и ја освои Златната копачка.
„Голема е честа и значаен момент за мене. Сакам да се заблагодарам на сите навивачи на Реал и на сите што гласаа за мене. Мојата прва сезона во Шпанија е ново искуство за мене и како фудбалер и како личност“, изјави Ембапе.
„При доаѓањето, требаше да се прилагодам на тимот, на земјата, на новиот јазик и култура. Сега се чувствувам одлично и тоа се забележува на теренот. Пресреќен сум во Реал Мадрид“, додаде тој.
Со нетрпение го очекува Светското клупско првенство.
„Првпат ќе учествуваме на вакво натпреварување и многу сме возбудени. Тоа е шанса да станеме светски шампиони со клубот. Очекувам натпреварувањето во Соединетите Американски Држави да биде извонредно. Светот ќе го следи и ние ќе се обидеме да триумфираме“, рече Ембапе.
Фото: Real Madrid C.F/X