
Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски оствари забележителен настап на полумаратонот што викендов се одржа во Белград, пласирајќи се на одличното четврто место во силна меѓународна конкуренција.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Тој ја помина трасата долга 21,1 километар за време од 1 час, 7 минути и 22 секунди, при што покажа стабилно темпо и исклучителна физичка подготвеност.
Првото место го освои Муалуко Михаел од Кенија, кој и оваа година ја потврди доминацијата на кенијските тркачи во полумаратоните. Втор и трет финишираа браќата Гемеда, кои доаѓаат од Етиопија.
Фото: Атлетска федерација на Македонија