Дома Останати Тенис Иванишевиќ добива нов ангажман – ќе го тренира Циципас

Иванишевиќ добива нов ангажман – ќе го тренира Циципас

Тениската вест на денот доаѓа од Атина. Според „Газета“ од таму, Горан Иванишевиќ ќе стане тренер на Стефанос Циципас за околу два месеца. Тоа ќе се случи по завршувањето на Ролан Гарос. Ова ќе биде првпат грчката ѕвезда да работи самостојно со навистина успешен тренер и поранешен голем шампион.

Од летово Циципас работи со Димитрис Хаџиниколау, селекторот на Грција во Дејвис купот, но тој ги имаше истите недостатоци како и Апостолос – никогаш не бил врвен играч и немаше решенија за предизвиците од таа сфера на тенискиот живот.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Затоа се очекуваше дека моментално осмиот тенисер на светот ќе прибегне кон ваков чекор – да повика некој што не само што бил одличен играч и знае како се победува на Грен Слем, туку и се докажал како тренер.

Иванишевиќ работел со неколку играчи од врвот, од Марин Чилиќ, со кого го освои Ју-Ес Опен 2014, преку Милош Раониќ и Томаш Бердих, до Новак Ѓоковиќ со кого ја достигна кулминацијата на успехот.

Фото: Принтскрин
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Oткриена порака од шест недели пред турнирот: Тенисерот кој беше сензација во Шангај како да знаел што следи!

Во Шангај, изминативе десетина дена беше создадена една од најубавите тениски приказни на …