Дома Фудбал Итен состанок во Реал Мадрид – ќе се разговара за иднината на Алонсо!

Итен состанок во Реал Мадрид – ќе се разговара за иднината на Алонсо!

Реал Мадрид доживеа тежок пораз од Селта на „Сантијаго Бернабеу“ во 16. коло од шпанската Ла Лига, а тоа беше нов кикс на шпанскиот гигант во Ла Лига со што ѝ дозволи на Барселона да избега на четири бодови предност.

„Кралевите“ минуваат низ тежок период, односно успеаја да триумфираат само еднаш на последните пет натпревари во Ла Лига, и тоа против Атлетик Билбао (3-0), но притоа запишаа три ремија и еден пораз, што го вклучи алармот во Реал Мадрид и беше свикан итен состанок.

Новинарот Фабрицио Романо пишува дека на состанокот ќе се дискутира за иднината на тренерот Чаби Алонсо, кој разочара со резултатите, па се шпекулира дека би можел да добие и отказ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Импресивната низа стигна до бројот 39: „Светот ја виде нашата амбиција“

Големото дерби од првото коло на Лигата на нации синоќа на Вембли го одиграа селекциите на…