Дома Фудбал Италијанскиот гигант тргнува по младата ѕвезда на Лил

Италијанскиот гигант тргнува по младата ѕвезда на Лил

Фудбалскиот клуб Лил во последниве години е познат по афирмацијата на млади и талентирани фудбалери.

Во Италија веќе неколку години се Majk Maњан и Рафаел Леао, кои во Милан дојдоа од овој француски клуб, а сега еден млад фудбалер е блиску до преминување на Чизмата.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Станува збор за играчот за врска Ајуб Буади, кој има 18 години и веќе е стандарден во првата постава на францускиот клуб.

Тоа не му промакна на спортскиот директор на Јувентус, Даниел Комоли, кој исто така е од Франција и сака да го заврши неговиот потпис.

Како што пишува Кориере дела Спорт, цената на Буади е околу 30 милиони евра, а во Јувентус го гледаат како тип на играч што е Адриен Рабио, некогашен играч на Јувентус, а сега фудбалер на Милан.

Буади неодамна гостуваше на стадионот Рајко Митиќ во натпревар од Лигата на Европа против Црвена звезда, и одигра сите 90 минути.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Неверојатен натпревар во Мадрид: Реал доби два црвени картони, Селта победи за првпат од 2014 година (Видео)

Селта вечерва по повеќе од 10 години дојде до победа во Мадрид на стадионот Сантјаго Берна…