Дома Фудбал Италијански новинар жестоко го критикуваше Модриќ

Италијански новинар жестоко го критикуваше Модриќ

Италијанскиот фудбалски новинар Паоло Барџиџа предизвика бурни реакции во јавноста со своите остри изјави во најавата за подкастот Центрокампо, чие цело издание ќе се објави во понеделник. Барџиџа се осврна на статусот на ветераните во италијанската лига, при што посебно го споменува играчот на Милан, Лука Модриќ, пишува milannews.it.

Во извадокот кој беше објавен на социјалните мрежи, Барџиџа ги нарече искусните ѕвезди како Модриќ, Един Џеко и Џејми Варди “завршени играчи”, сликовито опишувајќи ја нивната присутност во лигата како “гробишта за слонови”.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


„Модриќ во Милан, Џеко, Варди… Завршени играчи. Кој ќе ти плати да гледаш гробишта за слонови? Го земаш Риќи и му плаќаше 25 милиони, а играш со некој од 40 години?”, запраша Барџиџа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Херојот на Ирска се расплака во по чудото во Будимпешта: Ова ми значи се на светот! (Видео)

Доколку денеска го прашате секој во Ирска за кого би гласале доколку претседателските избо…