Дома Фудбал Италијанците ја објавија платата на Гатузо и најавија заминување од Хајдук Сплит

Италијанците ја објавија платата на Гатузо и најавија заминување од Хајдук Сплит

Фудбалерите на Хајдук од Сплит загубија во дербито од загребски Динамо со 3:1 во 33-то коло на хрватското првенство, и тоа на „Пољуд“.

Во врска со тоа, италијанските медиуми се осврнаа на неколку текстови за нивниот Џенаро Гатузо, кој оваа сезона ги води Хрватите од клупата. 

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Тие објавија податоци од агенцијата ФИНА за неговата плата, која на годишно ниво изнесува 576.192 евра, односно нето 456.513 евра.

„Не ми пречи што тоа беше објавено. Се говори долг период за моите примања, а сега можете да видите колкави се. Барем половина од тоа што се зборуваше“, рече Гатузо откако беше откриена неговата плата.

„Corriere dello Sport“ и „La Gazzetta dello Sport“ ја пренесуваат и состојбата во хрватското првенство, но и за тоа дека Гатузо е на „климави нозе“ со оглед на тоа дека титулата полека му исчезнува. Риека е прва со 59 поени, второ место е Динамо со 58, а трето е Хајдук со 56.

И двата весника го ставаат под прашање останувањето на Италијанецот на клупата, имајќи предвид што досега направил, додека „Gazzetta“ пишува дека позицијата на Гатузо „не изгледа толку цврста“. 

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал го плати 50 милиони евра, па го продава по една сезона

Реал Мадрид под новото водство на тренерот Чаби Алонсо отпочнува нова фаза. Тимот покажува…