Дома Кошарка Историски почеток на сезоната за Дончиќ – ова не им успеа на Џордан, Леброн, Јокиќ… (Видео)

Историски почеток на сезоната за Дончиќ – ова не им успеа на Џордан, Леброн, Јокиќ… (Видео)

Страшен почеток на сезоната за Лука Дончиќ! Словенечкиот кошаркар влезе во новата кампања никогаш подобро расположен и како вистински лидер на Лос Анџелес Лејкерс, во отсуство на Леброн Џејмс, да покаже кој е газда во тимот. Ова што го направи во првите две кола Дончиќ, не го направил никој во историјата на НБА!

Лејкерси дома ја згазија Минесота Тимбервулвс со 128:110, а Лука постигна дури 49 поени, со 11 скокови и осум асистенции и стана првиот играч воопшто во НБА со 40+ поени, 10+ скокови и 5+ асистенции во првите две натпревари од кампањата!

Словенечкиот кошаркар се играше со одбраната на гостинскиот тим, која немаше решение за да го запре и покажа дека во новата сезона ќе биде дефинитивно претендент за МВП наградата, која во последните неколку години главно завршуваше кај Никола Јокиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Спорот за селекцијата 3х3 прерасна во барање Димевски да замине од МОК

КФМ бара оставка од Даниел Димевски поради спорот околу изборот на репрезентацијата 3х3. Ф…